Росана Сариќ Тодоровска (Куманово, 14 декември 1964) — македонска пејачка на народна музика, која живее и работи во Скопје. Почнала во дуетот Маријана и Росана со својата сестра Маријана, а кога сестра ѝ се иселила во Австралија, продолжила соло. Понекогаш настапува со групата „Четири грации“, заедно со Благица Павловска, Адријана Алачки и Бади Бекир. Мажена е за актерот Ѓорѓи Тодоровски – Трупче.