100+ песни со акорди
100+ македонски изведувачи
100% бесплатно

Што е akordi.mk?

akordi.mk е бесплатна онлајн песнарка со акорди за македонска музика. Секоја песна е прикажана со точни акорди над текстот.

Зошто го правиме ова?

Македонската популарна музика нема централно место каде што може да се најдат акорди. Тоа сакаме да го промениме. Затоа сите акорди на страницата се внесени рачно, проверени се и редовно се ажурираат.

Проектот е доброволен и ентузијастички потфат и се финансира само преку добрата волја на корисниците.

Можете ли да помогнете?

Секое мислење е добредојдено — забележана грешка во акорд, предлог за нова песна или идеја за подобрување. Напишете ни преку страницата за контакт. Ако сакате да го поддржите проектот, тоа можете да го направите преку страницата за донации.