Исто така
Конкорд
Конкорд (Concorde) е скопска рок-група од осумдесеттите години. Во составот биле Сеад Јакупи (вокал), Кокан Пандиловски (бас-гитара), Венко Серафимов (гитара), Бруно Грозданов (тапани) и Зоран Пехчиевски (клавијатури). Групата го објави својот единствен студиски албум „Have the Blues“ во 1984 година за „Југотон“, со хард рок и блуз рок звук. Најпознатата песна на Конкорд е „Високи штикли и црни чорапи“, која прерасна во еден од препознатливите македонски рок-хитови. Во 2022 година Венко Серафимов и Сеад Јакупи ја изведоа заедно со Меморија на концертот во Борис Трајковски арена.
1
Песни