Снег трагите ги скрива,
снег сегде, сегде мрак.
за малку патем свивам,
ти си пред куќен праг.*
E D
Ти, сама, в палто ветво,
C#m Cmaj7
без шапка, чевол мек,
E
се грчиш в немир сета,
D A
жвакајќи мокар снег.
E Bm D
Се губи сè, мрак црн е,
C#m A B E
сè тоне в маглив мрак.
D
Сал ти сред снежен врнеж
C#m
на аголот стоиш пак.
F#m7 E
И образ вода кваси
B
се цедат капки рој,
F#m7 E
ко роса да ги краси,
B E
милите коси твои.
E D
И една светла шурка
C#m Cmaj7
ги зрачи: твојот лик,
E
забратката, фигурата
D A
палтенцето во шик.
E Bm D
Врз клепки снегот блести,
C#m A B E
во твоите очи- жал,
D
сиот облик ти се вести
C#m F#m7
в дел еден, в кој се збрал.
F#m7 E
Ко божем нож ме реже
B
копајќи внатре пат,
F#m7 E
од резот, чуј се ежи
B А F#m B C#m A
срцето сето сето в јад
А А F#m B C#m A
твојте зборови
А Е
зборови волшебни
Е D
Засекогаш јас чинам,
C#m Cmaj7
те гледам смирна, клет,
E
и нејќам да се кинам
D A
што зол е сиот свет.
E Bm D
И затоа се множи
C#m A B E
в снег сета таа ноќ,
D
па, граница да сложам
C#m F#m
меѓу нас- немам моќ.
F#m7 E
Но кои сме, од кај сме,
B
штом мине веков в час,
F#m E
интригите останаа,
B А F#m B C#m A
а од нас, од нас – ниту глас.
А А F#m B C#m A
твојте зборови
А А F#m B C#m A
твојте зборови
А А F#m B C#m A
твојте зборови
А Е
зборови волшебни
Текст: Борис Пастернак (Засыпет снег дороги)
Препев: (генијалниот) Гане Тодороски
* првата строфа не е вклучена во песната на Архангел