Синтезис‎

1 песни

ДД Синтезис, или само Синтезис – македонска етно-група, основана во 1994 година. Групата во своето музицирање ги користи речиси сите македонски традиционални инструменти – кавал, гајда, зурла, тапан, тарабука, тамбура, а уникатната звучна слика, покрај современите клавијатурни инструменти, ја надополнуваат и трите женски гласови кои пеат во духот на женското групно пеење од старата македонска селска традиција. Првобитната постава на групата ја сочинувале: Драган Даутовски, Гоце Димовски, Ване Јовчев, Марјан Јовановски, Гоце Узунски, Радослав Шутевски, Ангеле Димовски, Анета Шуланковска, Билјана Ристовска и Мирјана Јошевска.

Жанрови

Избери архива на жанрови или обележувачи