Александар Џамбазов (Стапар, 3 февруари 1936 — Скопје, 25 јануари 2022) — македонски диригент и композитор, великан на современата македонска музика. Музичка академија завршил во Белград, а целиот работен век го минал во Македонската радио-телевизија, како диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар. Има реализирано безброј снимки и концерти во живо, Настапувал во земјава и во странство (Раденци во Словенија итн.). Добитник е на голем број (педесетина) стручни награди. Се категоризира во четвртата генерација македонски повоени композитори.
Избери архива на жанрови или обележувачи
🗿 Сакаш архивата да расте? Повеќе артисти и нови функционалности?
🎶 Блог посветен на теорија на музика, гитари и најнови музички вести?
☁️ Сакаш да помогнеш да ги покриеме месечните трошоци за домејнот и облакот на кој веб-страната мирно спие?
🌙 Не можеш да спиеш од грижи за состојбата на македонската култура?
🍺 Сакаш да ни купиш пиво за досегашниот труд?
🕊️ Акорди МК







